Дете се однесувало чудно па мајката поставила камера: Кога ја видела снимката не можела да им верува на сопствените очи (видео)

 

Тифани Филдс од градот Лексингтон во Кентаки има син Лук (4) кој страда од Даунов синдром, епилепсија и срцеви тегоби што значи дека му треба постојана нега.

Откако најмила бебиситерка да го чува, забележала драстични промени во неговото однесување.

Одлучила тајно да постави камера и да ја дознае вистината за тоа што се случува во куќата додека ја нема. Кога го одгледала видеото не можела да им верува на своите очи. Работите биле полоши отколку што таа мислела.

Имено, Лилијан Вајт, бебиситерката го злоставувала немоќното дете влечејќи го по подот, му менувал пелена така што брутално му ги туркала нозете и рацете, а притоа и му седела на лице. Тифани веднаш им пријавила на надлежните и таа денеска се бори за правда на суд.

Погледнете го видеото:

 

 

 

22.03.2018 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега