Дете херој спаси четири лица во Најроби

Крај на заложничката драма во трговскиот центар во Најроби и на виделина веќе излегуваат детали за појави на хероизам на некои од заложниците, пишува весникот „Индипендент“.  

Херој бил и четиригодишниот Елиот Приер од Велика британија кој успеал да им се спротистави на терористите и така успеал да спаси уште три лица , пишува весникот.

 Елиот видел како еден од насилниците  пука во ногата на мајка му, по што му се развикал на терористот.

- Ти си лош човек, пушти не да си одиме, му викало тоа низ солзи на вооружениот терорист.

Иако со тоа очекувано било да предизвика гневна реакција, детето некако успеало да допре до чувствата на напаѓачот, кој за да го смири му дал чоколадце „Марс“, наведува „Индепендент“.

Потоа напаѓачот и дозволил на застреланата жена да ги одведе момчето и неговата сестричка Амели.

Тогаш 35-годишната жена ја искористила можноста, па и  покрај раната успеала, освен своите две, да извлече и уште две непознати деца, од кои едното било рането.

 

25.09.2013 - 09:10

најчитано сега