Детчев: Прашањето за историјата на Македонија и Бугарија е комплексно

Бугарскиот историчар Стефан Детчев вели дека историјата е многу посложена и од македонска и од бугарска позиција.

Во своето гостување на Радио Благоевград Детчев потенцираше дека прашањето за историјата на двете земји е комплексно.

-Ниту бугарскиот, ниту македонскиот историски извештај за, на пример, Втора светска војна, не можат да ја претстават нејзината комплексна слика, во која Панко Брашнаров, учесник во Илинденското востание, доброволец во бугарската армија за време на Првата светска војна, по 20 години, како член на Југословенската комунистичка партија, во 1941 година станува член на бугарскиот акционен комитет и ја дочекува бугарската армија со цвеќиња. – вели професорот Детчев.

-Потоа Брашнаров разочаран од бугарската влада се приклучил на партизаните и стана второ лице на антифашистичкото собрание на 2 август 1944 година на кое е донесена одлука за формирање федерална единица во Југославија, во која службениот јазик би бил, како што се вели во одлуката, „народниот македонски јазик“ и на крајот Брашнаров го завршува својот живот во Титовите логорите затоа што начинот на кој се гради Народна Република Македонија е нешто што тој не може да го прифати, како и начинот на раздвојување на Македонија од Бугарија. Ова нешто, оваа личност е искрена во секој момент и во секој свој чин, ова е негово внатрешно убедување. Тој негов живот не може да се перцепира ниту од македонска или бугарска гледна точка. – вели Детчев.

Детчев е потписник на отворено писмо преку во кое историчари, економисти, политичари, новинари…ја негираат  „рамковна позиција“ на бугарската влада за преговорите на Македонија за идното членство во ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега