Детална временска прогноза за цела недела - метеоролозите информираат кога ќе е најстудено

Уште денесла попладне, особено на север и долж Повардарието, ќе почне да дува засилен ветер од северен правец, кој повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час и ќе услови пад на температурите на воздухот, денеска само во северната половина од државава, информира метеорологот Славчо Попоски.

Облачноста доцна попладне и навечер ќе почне да се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Зголемена облачност ќе има утре, заедно со повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат нешто поинтензивни на запад и на југозапад, каде што локално ќе има услови и за појава на грмежи.

Денес максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека посвежо, како што кажавме, ќе биде на север. Утре температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека во петок ќе биде значително посвежо, со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.

Особено студено ќе биде во сабота наутро, па така поради разведрувањето минималните температури на воздухот на повеќе места ќе бидат зимски, во интервалот од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Ниски минимални температури ќе има и на почетокот од следната недела, додека максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст, но веќе нема да бидат многу високи како сегашните.

Поради доста ниските температури на воздухот, граѓаните доколку излегуваат наутро, задолжително со себе да си понесат топла облека. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега