Детали за земјотресот кој утрово ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 04 часот и 39 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 65 km јужно од Скопје, во подрачјето на Прилеп.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега