Детали за убиството во Белград: Полицијата се сомнева дека убиениот бил вмешан во шверц со дрога

Марко Вуковиќ (41) е вечерва убиен во заседа во Белград.

Тој бил поврзан со трговија на наркотици од Јужна Америка, но не бил припадник на которските мафијашки кланови, пренесува „Курир.рс“.

Вуковиќ родум е од Котор, а според сознанијата тој порано бил морнар и живеел во Белгија, а во Белград се доселил пред неколу години каде основал градежна фирма.

На место на убиството бил и негпв пријател, кој на истражителите им рекол дека жртвата ја познава одамна и навел дека Вуковиќ не бил скаран со никого.

Иако не бил во криминална средина, според сознанијата на полицијата, тој бил вмешан во шверц на дрога од Јужна Америка.

Убиството се случило вечерва пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и детето кои биле со него во моментот на егзекуцијата.

Покрај автомобилот се пронајдени и неколку чаури.

Инспектори вршат увид, а полицијата го блокираше тој дел од градот и трага по напаѓачите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега