Детали за трагедијата по невремето: Мажот кој се удави во лифт дошол од Австрија поради болната сопруга

 

За време на бурата проследена со град во Пожаревац, 67-годишниот Ж.М. настрада. Несреќниот маж работел со години на радио во странство, а настрадал во зградата во која имал стан на првиот кат. Ж.М. за време на елементарната непогода кој ја погоди Србија, бил во подрумот.

Сѐ уште не се утврдени околностите под кои настрадал.

Според една верзија Ж.М. пред да почне невремето се симнал во подземната гаража да провери дали му е поплавен автомобилот. Во тој момент, пишува Српски Телеграф, нивото на водата во подрумот веќе достигнала 2 метри, но старецот тоа не го знаел.

Штом лифотот се спуштил во подрумот, според зборовите на соседите, снемало струја. Вратата на лифтот веќе не можела да се отвори па несреќниот човек останал заробен. Набрзо се удавил во водата која продрела преку вратата од лифтот.

Другите соседи велат дека пожарникарите не го нашле телото во лифотот.

Ж.М. инаку со години работел во Австрија на радио. Во Пожаревац се вратил пред два месеци која сопругата поради лошо здравје му е задржана во болница. Неговата смрт го шокирала целиот град во кој непогодата оставила бројни штети.

 

 

 

14.06.2018 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега