Детали за тешката несреќа вечерва во Македонија - сообраќајот 2 часа во прекин, врие полиција

Сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар е повеќе од два часа во рекин поради сообраќајната несреќа која се случила попладнево. Нема повредени, но материјалната штета е поголема.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајна несреќа се случила во близина на меноста Трница. Од сé уште неутврдени причини дошло до судир на два автомобили „ауди“ со струшки регистерски ознаки, „мерцедес“ со охридски и камион-шлепер со косовски ознаки.

Од првичните сознанија на полицијата, во незгодата нема потешко повредени лица, но има поголема штета. Заради околностите и поставеноста ан возилата на коловозот и увидот кој е во тек, сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

 

 

 

22.10.2018 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега