Детали за „тајната" средба Димитров - Коѕијас

 

Во хотелот „Македониа Палас“ во центарот на Солун, се одржала, според грчките медиуми средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција. 

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, медиумите во Грција, средбата ја карактеризираат како „тајна“ со оглед на тоа дека ниту од македонското, ниту од грчкото МНР не беше соопштено ниту времето ниту местото на одржување.

- Во Солун, во огромна тајност и под силни безбедносни мерки, се одржа средбата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас со неговиот скопски колега, Никола Димитров, во временски период кога и двете земји брзаат да најдат взаемно прифатливо решение за името за Скопје за да може ФИРОМ да се интегрира во НАТО, пишува солунскиот информативен портал Вориа, пренесува МИА.

Дел од грчките медиуми објавија и фотографии од хотелот каде што се одржа средбата. 

 

 

 

11.01.2018 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа