Детали за страшното убиство во Австрија: Албанец од Македонија ја убил сопругата- ја усмртил со 14 убоди од нож во вратот

Албанец од Македонија 36- годишниот Џ.М кој крвнички ја уби 32- годишната сопруга на паркинг пред супермаркет во Тлин, Австрија,на крајот од јануари, ќе му се суди во мај.

Истрагата утврди дека тој го ипланирал убиството на сопругата и тоа секој детаљ од него.

На 21 јануари со автомобил отишол во продавницата за оружје купил ловечки нож кој го платил 50 евра.Потоа ја чекал Сопругата  на паркинг па ја убил со 14 убоди со ножот во врат.

Во обвинението се наведува дека жената со години била злоставувана, дека сопругот ја тепал и малтретирал и дека пред делото судот му забранил да и се доближува неа и на нивните синови.После 12 години брак , таа се одлучила да се разведе, а 10 дена пред убиството таа прекинала секаков контакт со сопругот.Одбивала да биде во контакт со него му ги блокирала пораките, но не ни сонувала дека ќе заврши вака.

Несреќната жеа тргнала во маркет за да купи храна, а тој ја пречекал таму и ја убил.

Тој го признал убиството, и ладнокрвно без ронка каење рекол на инспекторите: „Да ја убив, тоа и го сакав“ рекол тој.

Неговиот брат го осудува ваквото дело.

„Џемаил го уништи и оцрни целото семејство.Не сакаме ни да го видиме.Беше зависен од коцка, а имаше и проблеми со коцкање, а се сомневаме и дека бил близок и со Исламската Држава.“рекол неговиот брат.,

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега