Детали за сообраќајката на патот Струмица-Валандово: Три возила учествувале во несреќата

Во сообрќајна несреќа што се случи во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово пред селото Костурино повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Струмица,  информираше за МИА портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

На патот моментно е создадена долга колона од возила кои се движат во правец од Валандово кон Струмица додека на лентата од спротивниот правец повремено се пуштаат возила.

Увидот на местото на несреќата се уште трае, а според првичните информации во сообраќајната несреќа учествувале три возила. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега