Детали за сообраќајката на патот Штип-Кочани: Повредените со Брза помош однесени во болница

Попладнево во 15.00 часот во СВР Штип пријавено било дека на патот Штип- Кочани кај село Крупиште се случила сообраќајна незгода во која има повредени дознава Centar.mk.

Според првичните информации во незгодата учествувале три возила и биле повредени три лица кои со Брза помош биле пренесени во Клиничката болница Штип.

Се уште нема информации за состојбата на повредените.

Увидот е во тек, а сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, пред с.Крупиште-О.Карбинци, поради сообраќајната незгода, се одвива наизменично.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега