Детали за сообраќајката кај Струмица, поради која патот беше блокиран: Три лица завршија во болница
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 13:30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село откако патничко возило излетало од патот во близина на клучката кон село Сачево.
Според информациите од СВР – Струмица, повредените се пренесени на лекување во струмичката болница, а увидот на местото на сообраќајката завршил пред малку.
Заради незгодата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин околу еден час и се пренасочуваше по локален спореден земјен пат.
Во 14.55 часот сообраќајот е нормализиран на магистален пат Струмица – село Ново село, на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа