Детали за несреќата на патот Кичево-Битола: Возачот сакал да избегне судир со трактор, па се превртел

СВР-Битола информира дека попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.

Според првичните информации на екипите на СВР-Битола, до незгодата дошло откако пред автобусот наишол трактор и со цел да биде избегнат директен судир со поголеми последици, возачот на автобусот го избегнал судирот, но со превртел во непосредна близина на коловозот.

Увидот е во тек, потврдија од СВР-Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега