Детали за несреќата: Го спомнала Косово, зборувала неповрзано - мајка ѝ ги пресекла вените на ќерката, па ја фрлила низ балкон

36-годишната Данијела Рдојчиќ во нервно растројство го убила сопственото дете и себеси, а постои сомнение дека била во депресија, бидејќи неодамна го изгубила бебето во шестиот месец од бременоста.

Незапапметената трагедија во Србија се одиграла вчера утрината, кога Данијела извршила самоубиство скокајќи од четвртиот спрат од семејниот стан откако претходно ѝ ги исекла вените на својата 3-годишна ќерка Теодора и ја фрлила низ прозор.

Пред да го убие детето, жената го запалила станот од кој почнало да излегува чид, што ги исплашило соседите, пишува Курир.рс

Во првиот момент соседите помислиле дека мајката бега од пожарот и дека заедно со детето скокнала поради пожарот.

Како пшто пишува Курир.рс очевидци ја виделе Данијела како стои на клима уредот неколку секунди пред да скокне.

Danijela Radojičić

Сведокот наводно слушна дека жената вика:„ Косово е Србија! Не го даваме Косово! Земете ни се. Косово е наше!“. Претпоставил дека жената ќе скокне и тргнал кон нејзиниот стан, но за жал, таа веќе скокнала.

Еден сосед рекол дека почувствувал чад и излегол на балкон.

-Ја видов жената, но не и детето. Претпоставив дека сакаше да се уби. Ѝ реков да застане, да не го прави тоа, но како да не ме слушаше. Побрзав да се симна, да се обидам да ѝ помогнам, но таа веќе ја оствари својата намера. Многу поголем шок доживеав кога го видов телото на детето покрај неа - раскажал потресен сосед.

На местото на несреќата стигнал и таткото на Данијела.

-Теодора каде си сине - довикувал очајниот човек. 

-Не може веќе никој да ми помогне, Тргнете се од мене - викал чќовекот на секој кој му приоѓал, па дури и на лекарите од Брзата помош.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега