Детали за нападнатите полицајци од дрвокрадци

Во Општата болница во Велес синоќа се донесени петмина полициски службеници кои биле нападнати од дрвократци во атарот на селото Степанци. 

Еден од нив имал тешки повреди на главата и по укажаната прва помош, околу 22 часот е итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Двајца од полициските службеници се пуштени дома, а двајца се задржани на Хуруршкото одделение во Општата болница во Велес.

– Еден од нив кој имал повреди од дрвена палка во стомакот синоќа се пожалил на болка и испратен е на Интензивна нега во Хируршкото одделение при Велешката болница и сега е во стабилна состојба, изјави за МИА д-р Весна Неделковска-Николова, портпарол на Општата болница во Велес.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, во атарот на село Степанци кога група дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека досега се приведени четири лица.

– Се работи на расчистување на случајот, изави Додевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа