Детали за морничавото злосторство во семејството Периновиќ: Сопругот испраќал пораки на жената додека таа ги убивала децата

Татко на трите деца од Австралија кои беа убиени од нивната мајка, по потекло од Хрватска, бил надвор додека во домот се случувало свирепо убиство. Тој купувал нов телевизор за семејството и не се ни надевал дека ќе затекне ужас кога ќе се врати.

Томислав Периновиќ бил во блискиот трговски центар и не ни сонувал што се случува во неговата семејна куќа во Мелбурн.

Телата на 42-годишната Кети Периновиќ, нејзините две ќерки 7-годишната Клер и 5-годишната Ана како и 3-годишниот син Метју биле откриени на средината на јануари, пренесуваат австралиските медиуми. Овој случај го шокираше целиот свет.

Кети, инаку по потекло од Хрватска, ги убила трите деца, а потоа се самоубила. Дејли Меил Австралија пренесува дека мајката „брзо и брутално“ ги убила децата некаде претпладне на 14. јануари. Нејзиниот сопруг кој во тој момент одбирал телевизор ѝ испраќал и пораки за да се консултира со неа каков телевизор да купи.

Кога таткото се вратил дома се посомневал дека нешто не е во ред откако видел спуштени завеси.

„Внатре затекнал ужасна сцена“, рекол извор.

Телата на мајката и триде деца се во мортовечница, а се очекува погребот да биде овие денови. Засега не е познато како дошло до морничавото злосторство и што довело до тоа мајката да пукне и да ги убие своите деца.

Соседите не забележале нешто сомнително месеците пред убиството, пренесува Дејли Меил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега