Детали за ликвидацијата: Милиќ бил дел од познат црногорски клан - среде бел ден маскирани почнале да пукаат

Црногоската полиција успеа да ги идентификува убијците на Богдан Милиќ од Цетиње, а поради неговата поврзаност со лица од шкаљарскиот клан, истражувачите веруваат дека мотив за убиството е продолжение на пресметката на криминални кланови кои се во „војна“ - шкаљарци и кавачани, објави денеска полицијата од Подгорица.

37-годишниот Богдан Милиќ од Цетиње е убиен вчера во престрелка која се случила во „Портун“ во центарот на градот, а три лица се тешко повредени.

Во пукањето ранети се гости на локалот, 33-годишниот Драган Вушуровиќ, 48-годишниот Горан Вушуровиќ и 48-годишниот Марко Вујачиќ кои биле пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица. Од Управата на полицијата соопштено е дека се трага по двајца мажи.

Мета на нападот бил Милиќ. Двајца маскирани напаѓачи со силиконски маски и качкети пришле и пукале кон Милиќ.

Богдан Милиќ во моментот на нападот седел во локалот. На него е пукано од два пиштоли. Полицијата верува дека убиството е добро испланирано, дека Милиќ претходно бил следен и дека во егзекуцијата учествувале најмалку две лица, наведуваат медиумите од Подгорица.

Обвинителката Маја Јовановиќ рекла дека идентитетот на напаѓачите не им е познат, но додала дека за време на увиедот земени се траги кои ќе се вештачат.

Дежурниот хирург рекол дека Вујаќиќ е погоден на десната потколеница, Вушуроиќ Драган има повреда на десната глутеална регија, додека Горан Вушуровиќ се здобил со најсериозни повреди - погоден е со повеќе куршуми во пределот на градниот кош и гордниот дел од стомакот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега