Детали за крвавата пресметка: Македонец избоден во Малта

Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство во Бугиба, во северниот дел од Малта.

Жртва е 58-годишен Македонец кој бил избоден и во моментов се наоѓа во критична состојба.

Како што пишува „ТВМ полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што во болницата бил пренесен повредениот маж.

Се трага по сторителот, а полицијата ги замоли сите кои имаат некакви информации да се јават во полициската станица.

Претходно дел од српските медиуми јавија дека повредениот бил Србин, меѓутоа информацијата подоцна беше корегирана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега