Детали за големата тепачка на Рузвелтова

Во 17,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Франклин Рузвелт“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 18-годишниот Ф.Ј. од Визбегово-скопско и 18-годишниот Е.Р.  од Скопје од една страна и А.К. и И.А.(25) од Скопје од друга страна.

При пресметката  бил употребен и нож.

Со тешки телесни повреди се здобил И.А. констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле Ф.Ј. и А.К. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Е.Р. и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега