Детали за експлозијата во Германија: Полицијата пронашла плинска боца и муниција во станот

 

Во еден стан од зградата во која денес одекна силна експлозија, германската полиција пронајде плински боци и стара воена муниција.

Во експлозијата загина најмалку едно лице, а десетина се повредени.

Станот го изнајмувал 78-годишне маж и се верува дека тој најверојатно е жртвата на експлозијата во станбениот комплекс во градот Бланкенбург, на истокот од Германија.

Полицијата верува дека во прашање била експлозија на гас, а како што пренесува „Ројтерс“, на полицијата ѝ помагаат припадниците на единицата за деактивирање на експлозицивни направи.

По експлозијата, евакуирани се жителите на станбениот блок, како и една градника која се наоѓа во близина. Според информациите, нема повредени деца.

Местото на експлозијата го обезбедила полицијата, која претходно информираше дека во настанот се повредени најмалку 25 лица. Локалните медиуми известуваат дека едно лице е загинато, додека друго се води како исчезнато.

На фотографијата која на Твитер ја објави полицијата може да се забележат последиците од силната експлозија, во станбениот блок на пет спрата кој е изграден во времето на комунизмот во Источна Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега