Детали за драмата во Бутел: Прободен малолетник

 

СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четири малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О. татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

 

Според пријавеното, малолетниците на 06.12.2019 околу 19.30 часот на улица „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски", бил пуштен на домашно лекување. 

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О. бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребило остар предмет при вршење на кривичното дело. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега