Детали за бебенцето оставено во Топанско - До него била и папочната врвца

Новородено бебе било пронајдено вчера во населбата Топнаско Поле, потврдува МВР.

- Вчера во 11:45 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во тревник пред куќите, имало бебе кое плачело. Од екипа на Итна медицинска помош бебето било однесено во Детската клиника, јавуваат од МВР. 

За среќа, било во добра здравствена состојба. Идентитетот на бебето и мајката се уште е непознат. За настанот се запознаени социјални работници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што пренесува денеска Магазин, бебето било оставено во паркот, а се работи за машко бебенце, тешко 2.400 грама. До бебето била и папочната врвца.

Настанот ја запрепасти македонската јавност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега