Детали за автомобилот што излета во Вардар: Возачот уште не е пронајден

РЦУК Тетово, известува дека од последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот e добиена информација дека се уште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници, ако ги имало, од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино. 

„Од 16:45 часот, освен специјализирана екипа од МВР,  6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во потрагата е вклучен и специјален  тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек“, информираат надлежните од ЦУК. 

27.09.2022 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега