Детали од сообраќајката кај Радишани: Познат идентитетот на загинатата жена, има и повредени

Вчера се случи тешка сообраќајна несреќа на клучката Радишани кон Петровец, при што животот го загуби една жена, а три лица се повредени.

МВР информира дека несреќата се случила во близина на клучката Радишани меѓу патничко возило „Опел корса“ управувано од Р.И. (49) и мотоцикл „кавасани“ управуван од Г.В. (45) од Трубарево, скопско.

Притоа загинала К.В. (40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, како и возачот и совозачот од автомобилот.

27.06.2022 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа