Детали од пукањето во Хрватска: Србин со пиштол убил Црногорец

Утринава едно лице загина во Хрватска, откако било застрелано на една од плажите покрај популарниот Зрче, по што полицијата ги објави деталите.

 

Ранетиот починал во возилото на брзата помош на пат кон болница, а „Задарски.хр“ објави дека Србин застрелал Црногорец.

Државјанинот на Србија со огнено оружје го погодил државјанинот на Црна Гора, кој потоа починал на пат кон болница, објави медиумот.

„Запознаен сум со инцидентот, но засега не можам да откривам други детали. Кога ќе дознаеме повеќе од истрагата, ќе ја известиме јавноста“, соопшти началникот Шиме Глигор.

25.08.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа