Деспотовски: СДСМ значи единство, верувам во интегритетот на членството и изборните органи

 

Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ предмалку објави дека се откажува од правото со свои претставници да ја следи работата на партиските изборни органи во рамките на гласањето и изборот за нов партиски лидер.

„СДСМ значи заедништво, доверба, но првенствено мојата цел со оваа кандидатура е единство. Верувам во интегритетот на нашето огромно семејство социјалдемократи, чесни луѓе кои силно ја вреднуваат демократијата и партијата“, објави Деспотовски на неговата официјална Фејсбук страна.

Тој изразува уверување дека внатрепартиските избори ќе бидат вистински празник на демократијата и тие, според него, ќе создадат нова политичка култура во целата земја и очекува да бидат пример за сите останати политички партии.

04.12.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега