Десната рака на Мијалков во Затворот Шутка

Судот им одреди притвор на Тони Јакимовски, поранешен шеф на Кабинетот на Сашо Мијалков за злоупотреба на службената положба.

Јакимовски доби 30 дена притвор. Толку притвор доби уште едно лице, а за третиот се определи мерки на претпазливост, односно му му е одземен пасошот и треба да се јавува во суд, да не го напушта живеалиштето и има забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело, пренесе Слободна Европа.

Претходно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека е отворена истрага за четворица вработени во УБК, за кои постои сомневање дека злоупотребиле службени пари и го оштетиле буџетот. За нив Обвинителството побара притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега