Дескоска за случајот АКМИС: Не очекувајте чуда преку ноќ

 

Девет месеци по испрашувањето на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за злоупотреба на системот АКМИС, се уште нема конкретни чекори за неговата кривична одговорност. Случајот остана во истражна фаза. Прашана зошто против Панчевски нема законски мерки, министерката за правда Рената Дескоска одговара дека не може да се очекуваат чуда преку ноќ.

-Не може да очекувате чуда преку ноќ. Ниедна истражна постапка и ниедна судска постапка не завршува брзо. Сепак тоа е во едни толерантни временски рамки согласно на процедурите коишто се пропишани, коишто постојат, но јас очекувам дека ќе има одредени нови моменти - кажа Дескоска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега