Дескоска: Ветингот ќе се спроведе по изборите

За спроведување на ветинг е потребно двотретинско мнозинство и кое е повеќе од јасно дека не можеме да го обезбедиме пред изборите. Ова го порача денеска министерката за правда Рената Дескоска, јави Сител.

Во однос на препораките на Венецијанската комисија, министерката за правда потенцира дека тие се однесуваат на употребата на јазиците од страна на носителите на јавни функции,  а не на граѓаните кои имаат право да го употребуваат албанскиот јазик.

Според Дескоска во следниот период ќе бараат начини како да се спроведат препораките на венецијанската комисија во делот на судските постапки преку измени на Законот за судии и Законот за кривична постапка кои се носат со двотретинско мнозинство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега