Дескоска: Опозицијата инсистира истрагите на СЈО да запрат

Министерката за правда Рената Дескоска, во вечерашното гостување на Телевизија 24, рече дека има сериозни пречки за носење на законското решение за СЈО.

-Ние не смееме да си дозволиме амнестија на одредени криминални дејанија. Аргументот на опозицијата е дека постапките отворени по рокот од 18 месеци за подигање на обвинение, се отворени од неовластен обвинител. Некогаш за одреден предмет постапува обвинителството во Велес, па кога ќе се утврди дека ова обвинителство не е надлежно, предметот се предава на пример на обвинителството во Битола. Значи, постапката се предава, не запира. Доколку СЈО е неовластено, тогаш јавниот обвинител нека ги проследи до надлежното обвинителство, рече Десковска.

-Опозицијата бара овие постапки да запрат. Нивното инсистирање е да се стави во законот прекинување на постапката, вели Дескоска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега