Дескоска одби да го образложи Законот за ЈО пред пратениците – ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест побара 1 час пауза

Министерката за правда Рената Дескоска одби да го образложи Законот за јавното обвинителство пред пратениците. Таа одговарајќи на повикот на координаторот на СДСМ пратениците од неговата партија да не дискутираат за овој закон за да се скрати времето за негово донесување иако беше пријавена за збор одби да излезе на говорницата и да дебатира со пратениците.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески рече дека е срамота министерот за правда да бега од дебата со пратениците особено ако се има предвид дека станува збор за закон за кој СДСМ со месеци ги убедува пратениците да гласаат.

Во знак на протест, Мицевски побара 1 час пауза.

Талат Џафери ја прекина седницата и продолжението го закажа во 13 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега