Дескоска: Не е точно дека граѓаните нема да можат да пријавуваат корупција

Рената Десковска се огласи на Фејсбук.

Сооглед на тоа што се појавија погрешни толкувања дека наводно граѓаните немало да можат да пријавуваат корупција, сакам да укажам на некои законски одредби од новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси:
1. Во членот 7 изрично е гарантирано правото на секој да пријави корупција.
2. Во членот 23 е гарантирано дека ДКСК покренува постапка по сопствена иницијатива или по добиена претставка.
3. Во делот за финансирање на партиите, секој може да даде иницијатива до ДКСК и ако таа е основана ДКСК по службена должност покренува постапка. Невладините организации, партиите се наведени како покренувачи на постапка чии иницијативи се испраќаат до партиите на одговор.
4. Во изборна кампања, секој има право да пријави корупција. Учесниците во изборите и набљудувачите имаат и право на приговор и ако не се задоволни од одлуката на ДКСК имаат право на тужба до Управен суд!
#ГраѓанитеИмаатПравоДаПријавуваатКорупција!
За тоа сведочат и овие одредби од законот...

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега