Дескоска на Фејсбук: Очигледна е намерата да се опструира носењето на Законот за ЈО

 Очигледна е намерата на некои политички партии да го #опструираат процесот на носење на Законот за јавно #обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Во објавата таа додава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно признал дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност.

-Значи, на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, наведува Дескоска на Фејсбук

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега