Дескоска му возврати на Груевски: Вратата ти е отворена, дојди

Вратата ти е отворена, дојди. Вака министерката за правда експресно на Фејсбук му одговори на азилантот Никола Груевски за критиките кои тој ги упати до неа.

– Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде, напиша Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега