Дескоска: Mногу сум разочарана од Јанева, ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за „Макфакс“ рече дека е многу разочарана од однесувањето на екшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е обвинета во предметот „Рекет“ на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Mислам дека една од главните причини за рушење на довербата на граѓаните во правосудството генерално беше и ова што се случи со неа. Значи, граѓаните ја носеа неа на маички, сега одеднаш, жената во која се гледаше синонимот на правдата, веднаш да падне на толку ниско ниво да ги разочара сите граѓани и сите очекувања, мислам дека е нешто што силно го здрма правосудството“, рече Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега