Дескоска: Мислам дека Калајџиев не е сериозен предлог на опозицијата и некоректно е тоа што го прават кон него

Mинистерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за преговорите со опозицијата за законот за Јавно обвинителство и можноста опозицијата да предлага обвинител.

„Мора да постои гаранција дека лицето коешто би било предложено од опозицијата по нестандардна постапка од онаа којашто е за другите, ќе гарантира одредена непристрасност, квалитет, професионалност, стандарди коишто, за жал, во некои јавно циркулирани предлози коишто ги слушнавме од опозицијата, не ги препознаваме“, рече Дескоска.

Запрашана дали мисли на професорот Гордан Калајџиев, Дескоска рече дека тој не е нивен искрен предлог и дека циркулирале со други имиња.

„Ние тоа за професори го прифативме, но мислам дека Калајџиев за нив не е предлог за обвинител, циркулираат со други имиња и мислам дека тоа е некоректно што го прават спрема него“, rече Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега