Десетици илјади лица во Тунис бараат оставка на Владата

Десетици илјади Тунижани излегоа на улиците во центарот на Тунис барајќи оставка на преодната влада.

Синоќа на улиците во Тунис излегле 40.000 луѓе, а опозициските лидери се повикуваат на локални медиуми, јавувајќи дека на протестите имало меѓу 100.000 и 200.000 луѓе.

Секуларната опозиција, гневна поради убиството на двајца опозиционери и охрабрена од соборувањето на египетскиот исламистички претседател Мохамед Морси, се обидува да ја урне Владата во Тунис на чие чело се наоѓа исламистичката партија Енада. 

12:04

најчитано сега