Десетчлено семејство од Каратманово едвај преживува во мизерни услови - секоја помош е добредојдена

На крајот на селото Каратманово, во трошна куќарка живее десетчленото семејство Стојанови - Санде и Јасминка со своите 8 деца: Валерија, Александар, Дамјан, Драгана, Марија, Јована, Петар и Теодора. Најстарата ќерка има 17 години, а најмалото само пет месеци. Живеат во тешка сиромаштија и мизерија. За жал до ова семејство кое живее во само 32 квадрати, без струја никако да дојде животот, пренесува Алфа.

Едвај се прехрануваат со скромната социјална помош од   7.200денари, а понекогаш семејниот буџет го дополнуваат аргатувајки по туѓите ниви. Побарале помош од општина Лозово, од каде дрско биле одбиени.

Додека Санде аргатува, 36годишната Јасминка се грижи за осумте деца. Готви на шпорет на дрва, пере на рака, но како што вели најтешко и е кога најмалите ќе заплачат за храна. Често пати се случува да заспијат и со зашеќерена вода. .

И додека државата крева раце од ова десетчлено семејство, за среќа постојат добри луге кои често пати им излегуваат во пресрет.

Санде не бара милостина, бара работа и пристојна плата за да ги израсне своите осум деца на вистинскиот пат.

Но, во меѓувреме секоја помош на ова десетчлено семејство е добредојдена. Храна, пелени, облека и хигиенски средства во моментот им се најнеопходни.

Целиот прилог погледнете го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега