Вкупно 10 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова шума, а на Добра Вода опожарена е ниска вегетација.

Шума гори и во село Брест, Малино маало во општина Чучер Сандево.

Четвртиот активен пожар е во регионот на општина Бутел. Нискостеблеста вегетација гори на булевар „Словенечка“, во близина на аквадуктот.

Под контрола се два пожари во Гази Баба и еден во Студеничани. Во село Трубарево опожарен бил електричен отпад, во село Виниче – место викано „Муратица“ горела нискостеблеста шума, а во село Батинци – ниска вегетација и мешана шума.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Струмица, Кочани и Тетово. Во селата Банско и Бели гореле депонии, а во Тетово опожарено било ѓубре.

Leave A Reply

Exit mobile version