Десет најопасни патишта на светот на кои веројатно никогаш не би сакале да се најдете

Возењето секогаш со себе носи и одредена доза на ризици, меѓутоа на некои места на светот овој ризик и драстично се зголемува. Ние ви ги претставуваме десетте најопасни патишта на светот.

Опасните патишта се често непристапни и лошо одржувани, но сепак се единствен избор за локалните жители. Но, во овој избор влегоа и опасните авто-патишта кои инаку се сметаат за најбезбедни места за возење.

1. Strada degli Eroi – Верона и Виченца, Италија


Strada degli Eroi е изградена во 1922-рата година како ги ги поврзувала планинските градови во Италија. Овој е единствениот пат на списокот на кој што е забранет моторизиран сообраќај. Возењето по патот кој што е посипан со ситен камен е строго забрането после големиот број на сообраќајни незгоди кои што тука се случиле во текот на 1980-тите години. Меѓутоа, и понатаму туристичките автобуси во текот на летниот период ги возат по овој пат исклучиво само најхрабрите патници кои што имаат можност да уживаат во единствениот пејзаж.

2. Патот Karakoram – Од Кина до Пакистан


Поголемиот дел од најопасните патишта на светот се високо во планините, па е сосема логично дека и Хималаите се дом на некои од нив. Karakoram е официјално највисокиот асфалтиран интернационален пат во денешницата, а се протега низ Ујгур регионот на северозападот на Кина до северен Пакистан. Патот кој изобилува со кривини следи многу рути на историскиот пат на свилата, а лизгањето на земјиштето и непредвидливото планинско време чинат да биде еден од најопасните на светот.

3. Fairy Meadows – Пакистан


Кога би правеле листа на патишта со најнесоодветни имиња, овој секако би победил бидејќи и покрај неговиот смирувачки назив, патувањето по него ќе ве држи на работ на седиштето. Тој започнува во пакистанското село Тато и минува низ Гилгит-Балтистан регионот во пакинстанскиот дел Кашмир. Тука е и 9 километри долгата делница која е прекриена со ситен камен, а таков бил и поголемиот дел од патот првобитно.

4. Патот на смртта – Јунгас, Боливија


За разлика од претходниците, овој пат нема криза со идентитетот, неговиот назив доаѓа токму поради самиот факт дека во текот на само 64 километри се спушта дури 3.500 метри. Бидејќи боливиската престолнина и прашумите не се поврзани со голем број на патишта, оваа патека редовно се користи резултирајќи во стотици смртни случаеви годишно, а во 2006-тата година било проценето дека на годишно ниво на овој пат загинуваат помеѓу 200 и 300 луѓе.

5. Автопатот James Dalton – Алјаска, САД


Патот кој е изграден покрај гасоводот транс-Алјаска заради одржување не бил наменет за густ сообраќај, но авантуристите се одлучуваат токму за него бидејќи се стига речиси до Арктикот. Меѓутоа, сообраќајот на овој земјен пат секојдневно го чинат 150-250 камиони, а тој е побезбеден токму во зима кога ќе се претвори во смрзната патека. Единствените три градови во близина на овој пат имаат вкупна популација од 57 луѓе па во случај на нужда не се надевајте на брза реакција.

6. Gois - Ile de Noirmountier, Франција


Сега го гледаш – сега не го гледаш. Овој пат е единствениот пат кој што го поврзува преубавиот остров Ile de Noirmountier со крајбрежјето на Франција, а по него може да се вози само еден ипол час пред и еден ипол час после најниската осека, меѓутоа многу возачи се обидуваат да си ја испробаат среќата и вон тој период. Колку е тоа лоша идеја доволно прикажува фактот дека во текот на високата плима овој пат лежи 1.3 до 4 метри под вода, а кога ќе се појави над површината, патот е влажен, лизгав и прекриен со морска трева.

7. Commonwealth Avenue – Квезон, Филипини


Овој "Автопат-убиец" е најширокиот во државата со делници од десет сообраќајни ленти, и иако не се наоѓа ниту на планина, ниту во близина на море, сепак е еден од најопасните, пред сè затоа што на него просто не се применуваат никакви сообраќајни прописи. Секојдневниот сообраќај тука се претвора во импровизиран хаос кој во потполност зависи од возачите бидејќи во текот на целиот пат постојат само неколку сообраќајни знаци, ниту еден семафор а тука се и пешаците кои слободно се пробиваат помеѓу автомобилите. Градскиот превоз исто така често застанува за да собере патници кои го повикувааат, а во текот на сезоните на дождовите, лошо конструираниот пат се претвора во река. Тука секојдневно се случуваат околу 5 сообраќајни незгоди.

8. Highway 1 – Од Кабул до Џалалабада, Авганистан


Овој пат минува низ целата држава, а најопасниот дел е 100 километри долгата делница помеѓу Кабул и Џалалабада кој се издига на 600 метри над морското ниво. Несреќите се предизвикани како резултат на големите кривини, но и невнимателните возачи кои сакаат непромислено да претекнуваат.

9. BR-116 Бразил


BR-116 е вториот најдолг автопат во Бразил, а во секој момент дури 60 отсто од вкупниот сообраќај на него го сочинуваат камиони и шлепери кои пренесуваат терет. Слабо платените камионџии со прекувремено работно време често консумираат алкохол, дрога, но често и заспиваат зад воланот што предизвикува голем број на сообраќајни незгоди.

10. Патот низ клисурата Тароко, Тајван


Овој пат минува низ некои од најубавите делови на Тајван, но погледот не смее да ве измами. Тесниот пат е наменет исклучиво за минување на едно возило, а разминувањето со надоаѓачкото возило е еднакво на руски рулет. Острите и непрегледни кривини предизвикуваат голем број на фронтални судари, а ниту агресивната и променлива клима никако не им помага на возачите.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега