Дерковски: Притисоци врз ДИК се можни, но ќе ги надминеме

 

Притисоци секогаш се можни. Овој состав на ДИК ќе покаже дека во Македонија може и поинаку да се функционира. Ако си ја сфатиме задачата, ќе ги надминеме притисоците, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој истакна дека се очекува бројка од 1,8 милиони гласачи на референдумот.

„Да, јас неколку пати во неколку прилики тврдам дека бројката е реална и дека целата забуна во изминатите години стана веројатно од некои други политички причини. Меѓутоа наша работа на ДИК е да не ја мешаме политиката, затоа што оваа работа водењето на Избирачкиот список е статистичка операција. Вклучени се Завод за статистика и Министерството за внатрешни работи, така што од нивните евиденции практично се црпи составот на Избирачкиот список. И на граѓаните да им биде појасно, право да биде на Избирачкиот список има секој граѓанин којшто наполнил 18 години и којшто има важечка лична карта или патна исправа на Република Македонија, а не секој што живее во земјава. Жителите на Република Македонија се утврдуваат по пат на друга операција, попис, а додека правото да бидеш на Избирачки список го стекнуваш исполнувајќи ги овие услови и со тоа јасно се става динстикција меѓу двете работи. Тоа е всушност разликата“, кажа Дерковски.

 

 

 

 

12.08.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега