Дерковски: ДИК направи максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот на тридневното гласање за предвремените парламентарни избори на 15 јули за МИА оценува дека Комисијата направила максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори.

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

– Би сакал да ги повикам граѓаните да излезат и да гласаат и притоа да бидат сигурни дека на избирачките места се сосема сигурни и здравствено заштитени затоа што ние ги дезинфициравме сите гласачки места, обезбедивме доволни количини заштитни средства за сите членови на изборната администрација но и за секој граѓанин кој евентуално нема заштитна маска, доволно дезинфициенси, ракавици и доволно пространи избирачки места.

 

Во целост ви го пренесувамеинтервјуто со Деркоски, кој деновиве беше заедно со вработени во ДИК кои го распределуваа доверливиот избирачки материјал во општинските изборни комисии во шесте изборни единици во земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа