Деркоски: Ако власта се реши да го менува Уставот, нема да се распишат нови избори доколку нема цензус

 Претседателот на Државната изборна комисија за Алфа вели оти би било нормално да се распишат веднаш нови избори доколку нема цензус во вториот круг. Но, ако власта реши да го менува Уставот избори нема да се распишат.
-Ако се закажат избори ќе треба да се почека да завршат тие избори, па после да се премине кон таква една постапка, ако владејачкото мнозинство има таква намера. Недореченоста во законските одредби, на пример членот 122 во Изборниот законик кој ја уредува таа обврска, вели само дека се одржуваат нови избори, ама нема ни кога ни рок. Тоа дава можност за шпекулации од овој вид. Нормално би било веднаш по објавување на конечните резултати на Државната изборна комисија да се распишат нови избори и да се оди во организација на нови избори. Сметам дека владејачкото мнозинство доколку се одлучи на промена на Уставот со кој Претседателот ќе се бира во Собранието, веројатно тоа ќе го прави пред распишување на нови избори, нагласува Деркоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега