Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Традиционалниот културно-забавен настан „Денови на вашето милениче“ се одбележува денеска и утре. Настанот започнува денеска од 11 часот во Градски парк, поточно во паркот за миленици, а утре во Зоолошка градина и е организиран од здружението ИВСА-Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, поддржано од Град Скопје.

– Ги покануваме сите љубители на милениците да земат учество на настанот денеска, сабота во Градски парк од 11 до 16 часот, како и утре, недела, од 11 до 16 часот во ЗОО Скопје. Ние како организација промовираме одговорно сопствеништво со тоа што го едуцираме здравјето на милениците, комплексноста на потребите на животните и нивното здравје и благосостојба, како и поврзаноста на здравјето на животните со здравјето на луѓето, вели Неда Кузмановска, претседателка на ИВСА-Скопје.

Утре, недела од 11 часот ќе се одржат предавања од проф. д-р Јована Стефановска „Паразити кај домашните пратеници“, проф. д-р Пламен Тројачанец „Кастрација и стерилизација на домашните миленици“, проф. д-р Влатко Илиески „Благосостојба на животните“, едукативно шоу со Војо Иванов „Херпетологија/терариум и поважни болести“ и Здружението Еко-Свест „Климатски промени“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега