Денеска завршува пописот: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава

Денеска завршува најголемата статистичка операција во државата. Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарција – 64.806, Германија – 46.161 и Италија – 28.265.

Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. 

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до денеска

30.09.2021 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега