Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринските температури ќе се движат од 7 до 18 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време, со минимална температура од 15 и максимална до 35 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време. Исклучок ќе биде вторник, кога локално се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Exit mobile version