Денеска сончево време, а утре подгответе се за снег и дожд

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 0 степени, а дневните во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, максимална дневна температура 16 степени.

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.

14.03.2023 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега