Денеска сончево и топло, а викендов драстична промена

 

Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува на североистокот и во долниот тек на Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од 14 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер

Утринската температура ќе достигне до три  степени, а дневната температура до 23 степени.

Од сабота следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега