Денеска сончево и топло, а од четврток драстична промена и невреме

Поради судир на две воздушни маси, многу топлата од југ и свежата од север, од четврток попладне кај нас следува период на дестабилизирање на атмсоферата, иако температурите и понатаму ќе бидат многу високи сепак во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за локално невреме проследено со електрични празнења, силен ветер и појава на град., соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Слична ситуација се очекува и во петок, додека за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Максималните дневни температури и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, незначителен пад на истите ќе има за време на викендот.

Што се однесува до УВ индексот и понатаму ќе има многу висока до екстремна вредност  и ќе има коефициент некаде од 9 до 10 па затоа заштитувајте се.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега